Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Welcome :)
 
HomePortalGalleryLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 како е да си дете ...

Go down 
2 posters
AuthorMessage
*miss.hudgens*
Член
Член
*miss.hudgens*


Posts : 220
Join date : 2010-06-19
Age : 28
Location : ми рекоја да одам во пеколот и јас дојдов кај тебе

како е да си дете ... Empty
PostSubject: како е да си дете ...   како е да си дете ... EmptyMon Jun 21, 2010 8:02 pm

Ова е новела во која главните личности се соочуваат со проблемите кои ги има секој човек. Додека биле мали биле доста разгалени и сега треба да се соочат со сите проблеми сами. Нивните родители биле доста големи пријатели и сите заедно загинале во авионска несреќа. Нивните родители биле доста богати, а сега главните личности се соочуваат со тоа да го зачуваат богатството кое им остана и по можност да го прошират. Сите ќе тргнат по различни патишта... некои по добри, но за жал некои ќе тргнат и по лоши патишта....
Ванеса Ен Хаџинс како Ванеса Хаџинс- Естреља
како е да си дете ... Dgjble
Ванеса, секако, е доста разгалена девојка. Парите во нејзиниот живот се се. Таа е многу славна и има само 21 година. Често ја споредуваат со чоколадо.
Зек Ефрон како Зек Ефрон
како е да си дете ... Zacefronsweet
Зек е доста привлечно момче. Богато е и доста време се знае со Ванеса. Тој го крши секое женско срце.. Има само 22 години. Неговото срце ќе го освои Ванеса.
Анахи Гиована како Ана Чакар
како е да си дете ... Anahivf
Ана е најдобра пријателка на Ванеса. Секаде се заедно и во добро и во лошо. Зек е нејзин братучед. Ана има само 21 година и е постара само еден ден од Ванеса!
Џастин Бибер како Крис Гастон
како е да си дете ... Justinbieberjustinbiebee
Крис е момче кое е доста богато и кое ќе се понуди да и поможи на Ана да излезе од неволјата во која е влезена.

Ова беа четворицата главни личности кои најчесто ќе се појавуваат и најчесто ќе прават заплети.
Првата епизода ќе биди наскоро...
Back to top Go down
annamari
AnamaryEsposito
AnamaryEsposito
annamari


Posts : 484
Join date : 2010-06-18
Age : 25
Location : In the air xD

како е да си дете ... Empty
PostSubject: Re: како е да си дете ...   како е да си дете ... EmptyMon Jun 21, 2010 8:04 pm

Ми изгледа интересно .. како е да си дете ... 245609
Ќе чекам прва епизода
Back to top Go down
https://graphicdesigners.forumotion.net
*miss.hudgens*
Член
Член
*miss.hudgens*


Posts : 220
Join date : 2010-06-19
Age : 28
Location : ми рекоја да одам во пеколот и јас дојдов кај тебе

како е да си дете ... Empty
PostSubject: Re: како е да си дете ...   како е да си дете ... EmptyMon Jun 21, 2010 8:06 pm

1. епизода
Ванеса седеше покрај прозорот. Гледаше кон недопирливиот хоризонт. Таа веќе имаше слушнато за една трагична вест за нејзината другарка, но не сакаше да и кажи така наеднаш. Помислуваше како е тоа можно.... Во собата дојде нејзиниот брат тејлор....
Ванеса: Како е можно тоа?
Тејлор: Се случува. Во авионската несреќа не загинаа само родителите на Ана туку и родителите на Зек.
Ванеса: Па роднини беа. Секаде патуваа заедно. Хух.... Не знам како да им кажам. Полицијата ја замилов да не се искажи во јавност... Зек е слаб овие денови... Како да чувствуваше...
Тејлор: И Ана е слаба.... мислам знаеш...
Ванеса: Знам, ти се допаѓа!
Тејлор: Ванеса! Не е време за шеги! Треба да им кажеме.
Ванеса: Добро. Јас ќе и кажам на Ана, а ти кажи му на Зек.
Тејлор: Добро, сис! Одам.
(Ванеса се доближи кон куќата на Ана. Заѕвона на ѕвончето. Рацете и трепереа... Слугинката на Ана ја отвори вратата)
Слугинката: Госпоѓице Хаџинс, мило ми е што пак ве гледам. Ја барате госпоѓицата Ана нели?
Ванеса: Добар ден. Да ја барам Ана. Тука е?
Слугинката: Да секако дека е тука! Ги чека своите родители, знаеш на пат се! Денес треба да се вратат! Прерадосна е!
( Тогаш срцето на Ванеса почна силно да чука... Проба да се насмевни, но таа насмевка се гледаше дека е ваштачка. Беше актерка, да, но болката ја соборуваше... Како ќе изреагира нејзината другарка? тоа се вртеше во најзината глава. Таа беше многу разгалена, но прв пат нешто вакво и се случува. Прв пат бла отидена во мртовечница да идентификува човек. Беше потресена. Како ќе и кажи на Ана. Тогаш Ана прерадосна дојде во собата.)
Ана: Несса душо! Дојди и ти заедно да ги пречекаме моите? Ајде тогаш побрзо за пет минути треба да тргаме!
Ванеса: Ана, мило, имаме да разговараме..
Ана: Ама ајде од кога ќе се вратиме!
Ванеса: НЕ! Ти нема да одиш таму...
Ана: Ми забрануваш да си ги видам родителите? Ванеса?! Ова не е од тебе! Што се случува?
Ванеса: Твоите родители... умреа воавионска несреќа....
Ана: Молам? Се шегуваш нели?
Ванеса: Секако дека не... Бев ги идентификував.... Цели беа изгорени.... Немаше што да се види...
(Ана седеше... не пушти солза.... ја гледаше својата другарка.... сакаше да праша нешто, но тоа остана во себе...)
Ана: Што ќе правам сега јас? Како ќе живеам сега јас? Зошто ова мене ми се случи?
Ванеса: Не само тебе...
Ана: И на кој друг?
Ванеса: И на Зек родителите беа во авионот.. и тие... починаа...
Ана: По ред сите мои сакани си одат.... Како ќе живеам сега јас?
Ванеса: Не вели така! Мислам таков е животот. Патем ние, јас и тејлор ќе ти помагаме да живееш! Што велиш?
Ана: Велам дека се плашам....
Ванеса: Нема од што да се плашиш..
Ана: Сакам да го вратам времето... Сакам пак да бидам дете....
Ванеса: Од кога го запознав брат ми и јас сакам да сум пак дете. За да можам да си играм со него и да не мислам за светот кој се наоѓа околу мене... Но јас мојот брат го запознав многу касно... Дури кога наполнав 17 години, се сеќаваш?
Ана: Да, но го засака нели?
Ванеса: Па брат ми е....
(двете другарки се прегрнаа.. Двете беа со натопени очи.. Тие знаеја дека никогаш повеќе нема да бидат деца... Тејлор стигна кај Зек)
Тејлор: Здраво! Како си?
Зек: Добро, чекам моите да стигнат, секој момент треба да дојдат и како што гледаш еве ги чекам... И реков да ја искосам тревата, татко ми го сака тој мирис, иако јас не го поднесувам...
(Тејлор седеше како стаписан, не можеше ни збор да изусти...)
Зек: А ти што си застанал така како споменик?
Тејлор: Зек треба да разговараме...
Зек: Во врска со што?
Тејлор: Во врска со твоите родители...
Зек: Што е со нив?
Тејлор: Па вака... Тие и родителите на Ана во авионска несреќа.... мислам знаеш натаму...
Зек: Умреле ли?
Тејлор: Да Зек..
Зек: Како е тоа возможно?
Тејлор: Се случува.....
Зек: Не ова не се случува, ова не е вистина...
Тејлор: Еј смири се....
Зек: не ова не е вистина!
(на Зек му протекла една солза, а и на Тејлор. Сите плачеле...)

крај на првата епизода

2.епизода
Веќе следниот ден утрото бил погребот.. Биле погребани сите еден до еден. Ванеса и Тејлор се чувствуваа виновно бидејќи ги растажиле своите пријатели, но секако морале тоа да го сторат отколку да дознаат од некој друг. Ана плачела многу. Сеуште не се знаеше дали плачи зошто и умреле родителите или зошто сега сите пари се нејзини па незнае каде и како да ги потроши. Сепак ја загрижувало и фактот дека таа треба да почни да работи и да заработува за себе. Зек несакал да ги искажи своите чувства во јавност, но сепак се гледала тага во неговите очи. Тој сепак знаел да заработува за себе и да се исхранува иако има доволно пари. Сепак тој штотуку заврши факултет и ова би му било прв пат да влези во студиото на татко му...
Потоа отидоа дома кај Ана. Ана живее во доста раскошна куќа за која секој би можел да сонува.
Ана: Ако многу се задолжам некаде или ако не ми стигнат пари за нешто, ќе морам и куќата да ја продадам.
Ванеса: Не зборувај глупости, зошто ти сум јас другарка?
Ана: Точно душо, ти си ми другарка, но не си ми мајка!
Ванеса: Другарките си помагаат и во добро и во зло!
Ана: Знам сис, но се плашам да се соочам со животот....
Ванеса: Мораш!
(Во меѓувреме, Зек седел на спротивниот кревет со Тејлор. Зек многу внимателно ја гледав Ванеса)
Тејлор: Еј фраеру!
Зек: Мене ми велиш? (се смее)
Тејлор: Престани да ја меркаш сестра ми!
Зек: А тоа било.. Епа убава е.. Млада е... Помала од мене... И којзнае што можи да се случи..
Тејлор: Претеруваш
Зек: Е, јас ко да не знам дека ти ја меркаш брачеда ми.
Тејлор: Но, мене таа не ме забележува...
Зек: И сестра ти мене не ме забележува..
Тејлор: Ќе ми помогниш ли со брачеда ти?
Зек: Ако ти ми помогниш со сестра ти!
Тејлор: Е тогаш заборави!
(Зек се насмевна така слатко. Го погледна својот другар, кој така цврсто ја брани својата сестра. Следниот ден беше Петок. Ванеса отиде кај својата другарка Ана)
Ванеса: Ана! Добредојде на базенот!
Ана: Дојдов да разговарам со тебе.
Ванеса: Повели.
Ана: Јас ојдов дас барам работа.
Ванеса: Па душо дојде на правото место. Јас барам инструктор да ги учи оние мали детишта, како што јас ги нарекувам божји казни.
Ана: Ти се шегуваш нели?! Јас да учам деца да пливаат?! Не иди во предвид!
Ванеса: Како сакаш, мене ми е ред да те понудам.
Ана: Ќе одам во кафето на Тејлор, подобро ќе служам отколку да учам некои, господ знае кој, деца!
Ванеса: Како сакаш душо.
Ана: Ајде одам!
Ванеса: Чаос!
(Ванеса се упати кон соблекувалната да си ги постави купачите и да почни да го набљубува базенот додека да дојдат сите деца од поголема возрасто кој сакаат да научат да пливат. Веднаш само што ја фати кваката на рачката, дојде Зек, така ненадејно)
Ванеса: АААААААААААААААААААААААААА!!!!!! Уф Зек ти си. Свеста ми ја зеде!
Зек: Извини, не мислев да те уплашам, но сакам да ти кажам дека барам работа и ако бараш некој инструктор по пливање, еве ме.
Ванеса: Но, нели ти ќе работеше во студиото на татко ти?
Зек: Да, но сакам да бидам блиску до тебе!
Ванеса: Гледај само брат ми да те слушни.
Зек: Добро, не ме интересира што ќе речи твојот брат.
Ванеса: Многу храбро.
Зек: Сакаш вечерва да излезиме.
Ванеса: Со задоволство!
(Ана пристигна во кафулето кај Тејлор. Бидејќи Тејлор беше вљубен во Ана едноставно се стаписа)
Тејлор: Здра-во
Ана: Се е во ред Тејлор?
Тејлор: Се-ка-ко! По-ве-ле-те се-дне-те!
Ана: Да не вежбаш делење слогови?
Тејлор: НЕ, не... секако дека не
Ана: Тејлор, може ли да работам тука?
Тејлор: Повели пополни го ова. Почнуваш веднаш со онаа црвенокосата Софи. Која е подобра таа оди.
(Ана се замисли малку. Но веднаш по тоа ги пополна формуларите)
крај на втората епизода

3 епизода
Ана ги пополна формуларите. Беше убедена дека таа е подобра од црвенокосата Софи. Почна најзината работа, но како што е редот прво се запозна со Софи.
Софи: Здраво јас сум Софи, твојата конкуренција за вечерва. Сепак сакам да ти пожелам среќа, иако знам дека јас ќе го добијам ова работно место.
Ана: Е за тоа ќе видиме.
(Почнаја да работат. Тејлор го викна својот приател Роберт, за да му поможи која да биди. )
Роберт: Келнер! Мислам келнерка!
(Доаѓа Ана.)
Роберт: Ќе те те молам донеси ми еден сон од ананас и лубеница.
Ана: Веднаш.
(Ана во соковникот го стави ананасот. Подоцна соковникот го остави отворен со ананасовиот сок внатре и отиде да насечи парчиња лубеница. Во меѓувреме црвенокосата Софи во соковникот истави црвено луто пиперче. Ана дојде и ги стави лубениците во соковникот и почна да ги мати. Го тури во чашата и му го однесе на Роберт. Роберт прво добро ја виде чашата и подоцна се напи од сокот, но наеднаш неговото мислење за брзината на Ана се смени. Тој почна на цел глас да вика „Луто! Луто!“
Ана: Извинете господина, не знам како се случи.
(Тогаш дојде Софи и избриша се што е валкано. Ана беше изнервирана.)
Тејлор: (во себе) Колку лош почеток.
(Вечерта, Тејлор кажа дека работата ја добива Софи, но Ана секогаш знаеше итро да се извлечи и рече)
Ана: Па јас не се нервирам што не ја добив работата. Неа и треба повеќе.
Софи: Прво имам име и не нарекувај ме НЕА!
Ана: Ќе те нарекувам како што сакам зошто јас сум богата, а ти не можиш да ми се фатиш ни на малото прсте.
Софи: А зошто тогаш ти бараш работа ако си богата?!
(Тејлор тоа го слушна. Тој не сакаше Софи да дознае дека Ана се плаши од сиромаштија.)
Тејлор: Претерате! А ти Софи , ако вака се однесуваш лесно ќе го изгубиш работното место.
(Софи со лош поглед го погледнала Тејлор и заминала низ вратата како торнадо. Ана го погледнала Тејлор во очи)
Ана: Извини, не знаам како се случи тоа со тој господин. Јас стварно ставив само ананас и лубеница! Се колнам!
Тејлор: Не грижи се. Јас сепак знам дека Софи нешто мати, но сепак некогаш ќе излези на виделина.
Ана: Ама не мислиш дека тогаш ќе биди касно?
Тејлор: Никогаш не е касно за некој да си го поправи карактерот.
(Ана се насмевна. Истата вечер Зек и Ванеса требало да се сретнат. Се чекаа пред киното. Дојде Зек.)
Ванеса: Дали конечно заклучи дека мојот базен е ништо во споредба со твоето студио?
Зек: Па не. Ако ти ставиш некои други инструктори и дојдиш да работиш во студиото тогаш ќе се смени моето мислење.
Ванеса: Зек..
Зек: Сериозен сум.
Ванеса: Тоа не е работа за мене. Јас сум на „природно математичкиот факултет“.
Зек: Како да не знаш како тој твој Луиџи работи. Секогаш со него ги снимаш твоите филмови.
Ванеса: Зек.. Не е исто. Јас сум математичарка, а не режисерка.
Зек: Дали кога ќе завршиш факултет ќе заминиш Аргентина да бидеш со татко ти?
Ванеса: Најверојатно.
Зек: Епа ќе ти кажам само нешто, многу ќе ми недосигаш.
Ванеса: Има уште цела една година Зек.
Зек: Знам, но сепак ајде да побрзаме пред да започни филмот.
Ванеса: Ајде
(Влегоа внатре. Филмот беше љубовен, девојката се разделуваше со своето момче бидејќи требало да се врати во својот роден крај. Момчето било тажно и почнало со пијанство, а девојката од што била осамена без него тргнала по лоши патишта. Излегле од кино салата)
Зек: Ако заминеш ова ќе ни се случи и нам.
Ванеса: Зек, јас и ти сме долго време во врска, јас сакам да сум со тебе, но не можам. Мојот живот е во Аргентина..
Зек: Значи ќе тргниш по лоши патишта? И на оваа девојка животот и бил во родниот крај ж, но не било така.
Ванеса: Има сеуште време, можеби ќе го убедам татко ми да не бара да се вратам назад.
Зек: Така би било подобро.
(Ана тажна и уморена врвеше покрај киното. Тогаш Зек и Ванеса се прегрнаа. Ана ги отвори очите повеќе од вообичано. Беше зачудена.)
Ана:(за себе) Зек и Ванеса заедно? Не, невозможно. Не верувам.
(Но потоа се случи и нивниот бакнеж. Тогаш Ана веќе беше сигурна дека тие се заедно...)
Крај на третата епизода

4. епизода
Ана не најде работа, но ни малку не беше загрижена. Таа сега беше на факултет и од другата година можеше да работи во студиото со Зек. Денеска беше забавата посветена на Ана. Таа не беше многу добро расположена. Се плашеше да оди и да си купи фустан. Дојде Ванеса.
Ванеса:Ана, душо. Зборував со Луиџи, леле само да видиш колку убави фустани има направено! Кој сакаш твој е!
Ана: Се плашам.
Ванеса: Нема зошто. Ова е твоја вечер, уживај во неа. Од година почнуваш да работиш и се ќе е супер.
Ана: Епа, ајде да ги видиме фустаните!
Ванеса: Ајде.
(тргнаа)
Ана: А ти во која боја ќе бидеш облечена?
Ванеса: Црно, бела. ти?
Ана: Сеуште ги немам видено фустаните. А ти Несса долго време си сама не мислиш дека треба да си најдиш некое момче?
Ванеса: Не, добро ми е сама.
Ана: Како сакаш (се поднасмевнува)
Ванеса: Ана?!
Ана: Со Зек си нели?!
Ванеса: не, јас...
Ана: Ве видов вчера пред киното, и се бакнавте згора на тоа. Толку јавна врска да ја чувате во тајност?!
Ванеса: Ана, те молам.
Ана: Добро никому не кажувам.
(ги гледаа фустаните. Сите беа кој од кој поубав)
Луиџи: И Ана, ти го предлагам овој фустан!
Ана: Луиџи, инзвореден е! Стварно знаеш да креираш незаборавни парчиња облека.
Луиџи: За тоа сум створен!
Ванеса: Летна во облаци
(Ванеса и Ана почнаа да се смејат. Луиџи свати дека тоа е само шега и тој почна да се смее. Тејлор и Зек исто така отидоја да купуваат костуми за таа посебна вечер. Дојде и таа посебна вечер. Сите влегоја во свечената сала.)
Ана: И јас ова го дочекав.
Ванеса: Да душо.
Ана: Уште се сеќавам кога ти имаше ваква вечер.
Ванеса: И јас бев преплашена.
Ана: Воопшто не сакам јас и ти да завршиме факултет.
Ванеса: Зошто?
Ана: Ти ќе одиш Аргентина, јас ќе работам....
Ванеса: Да не мислиме на тоа. Летово ќе пробам да го убедам да не одам и да работам со него туку да останам тука и да си седам покрај базенот.
Ана: Повеќе го сакаш базенот од тие екперименти на татко ти?
Ванеса: И тоа како.
(Почна танцот, Ана сеуште немаше партнер. Некој требаше да ја понуди. Дојде Тејлор, тој прв се обиде. )
Тејлор: Ана, може ли да танцуваме?
Ана: ДА
(сите танцуваа, Зек и Ванеса зборуваа)
Ванеса: Зошто и ние не танцуваме?
Зек: Ќе дознаат дека сме заедно, а ти тоа не го сакаш.
Ванеса: Ана знае. Не видела пред киното. Ништо чудно и некој папарацо да не видел.
Зек: Епа ајде.
Тејлор: Ана, прекрасно ти седи розевото.
Ана: Благодарам.
Тејлор: Многу ми се допаѓаш Ана
Ана: И ти мене.
Зек: Несичка, утре имам интервју, ако ме прашат за тебе ќе речам дека многу те сакам и дека сме заедно
Ванеса: Речи.
Зек: И летово сакам да одиме заедно на Хаваи.
Ванеса: Да одиме, но јас сакав во Аргентина да одам.
Зек: Ќе одиш, и јас ќе дојдам со тебе.
Ванеса: Важи.
(Заврши вечерта. Летото беше блиску. Никој не ги знаеше плановите на Хуан Круз....)
крај на четвртата епизода

епизода 5
Дојде летото. Ванеса ги спреми куферите, одеше за Аргентина. Зек посака да одисо неа и Ана ќе оди со нив. Тејлор останува да се грижи да кафулето, а Ванеса постави други инструктори на базенот. А пак на Зек воопшто не му беше грижа за студиото.
Ванеса: Ајде побрзајте, ќе задоцниме!
Ана: Еве сум! Зек си ги бара наочарите, без нив никаде не оди...
Ванеса: Ајде Зек! Ќе задоцниме!
Зек: Еве сум! Идам!
(Зек слезе, сите тројца набрзина влегоа во колата.)
Ванеса: Да се надевам дека ќе му се допадниш на татко ми Зек.
Зек: А ако не му се допаднам ќе те земам за бегалка.
(Сите тројца почнаа да се смејат. Стигнаа до аеродромот. Се качија во авионот.)
Зек: Значи мразам авиони, за Хаваи кога ќе одиме по можност со брод.
Ана: Од кога те знаам Зек се плашиш од авиони.
Ванеса: Ај тој мој мал плашливко.
Зек: Еј немој. :fdhff:
Ана: Се усрами! :dgdsgsd:
Ванеса: Ајде да го оставиме, Ана како тебе ти оди со Тејлор?
Ана: Како мислиш со Тејлор?! Јас и Тејлор не сме заедно.
Ванеса: Ти му се допаѓаш на Тејлор.
Ана: Јас и Тејлор сме многу добри пријатели...
Зек: А никогаш не се знај што можи да се случи помеѓу пријателите, како кај мене и кај Неса
Ана: Вие сте посебен случај, јас Тејлор го чувствувам како брат и не можам да му бидам девојка!
Ванеса: Ти си знеш.
Зек: Абе и да го сака и да сакаат да бидат заедно НЕМА! Не те давам за Тејлор.
Ванеса: Леле Зек!
Зек: Па и тој не те дава за мене.
Ванеса: Мислиш не ме даваше.
Ана: Ама ја даде.
(Стигнаа во Аргентина. Стигнаа до куќата на Ванеса таму.)
Ванеса: Оваа е мојата куќа. Живеам сама, но имам и една куќа заедно со татко ми.
Ана: Прекрасна е.
Зек: Да, но прво да одевме кај татко ти?
Ванеса: Зек прво треба да се одмориме.
Ана: Јас сум преморена. Сакам да легнам, каде има соба?
Ванеса: Дојди јас ќе те однесам.
(Ванеса ја однесе Ана во собата. Потоа се врати долу кај Зек и почнаја да се бакнуваат и гушкаат, но тогаш во собата влезе Хуан Круз.)
Хуан Круз: Добар ден.
Ванеса: Тато?!
Хуан Круз: А ти Зек нема да речиш ништо?
Зек: Како знеш како се викам?
Хуан Круз: Јас се знам дете, и знам зошто сте дојдени. Сакате да одите на Хаваи, нели?
Ванеса: Да.
Хуан Круз: Одете, но не заборавајте, не сакам за брзо да станам дедо.
(Зек и Ванеса така со лош поглед го погледнаа Хуан. Хуан гледаше поднасмевнат, како да имаше некој зол план, ех кога тој би ја знаел целата вистина)
крај на петтата епизода

епизода 6
Истиот ден стигнало време и за вечера. Ана и Ванеса останале во кујна готвејќи нешто (иако во тој дел не знаеле ништо) Незнаејќи што да подготват за вечера, зела едната сечела леб, другата сецкала салама, па потоа перчурки, а другата отишла во продавница по готово тесто. По еден час готова била пицата.
Зек: Леле и од вас да дочекаме нешто зготвено.
Ана: Биди среќен и ова што го направивме иначе гледен ќе останеше.
Зек: За разлика од вас двете ја повеќе знаам да готвам.
Хуан Круз: Да почниме со јадење.
(Само што почнале да јадат, некако храната била изгорена, всушност од долната страна пицата загорила и станала горчелива.)
Ванеса: Епа ја утнавме овај пат работата.
Зек: И тоа како. Идам јас да видам шо има во фрижидерот па после ќе зготвам нешто.
(Зек почнал да готви, направил ориз, го ставил на масата и сите почнале да јадат.)
Ванеса: Види го ти овој повеќе од нас знае да готви.
Ана: Дај бре научи не.
Хуан Круз: Ве молам јадете.
Ванеса и Ана: Добро.
(Долша и вечерта, легнале да спијат. Ана излегла од својата соба. Истото го направила и Ванеса, но не се сретнале. Ванеса отишла кај Зек и почнала да го разбудува)
Ванеса: Зек, разбуди се.
Зек: Што се случува?
Ванеса: Грми, јас се плашам.
Зек: Епа дојди тука.
(Ванеса легна до Зек и веднаш потоа заспа. Ана слезе во кујната и почна да зборува)
Ана: Ме баравте господине?
Гласот: Да!
(Дојде утрото. Нов ден, во нова држава. За појадок отидоа во ресторан)
Ванеса: Леле вечера како грмеше!
Ана: Леле навистина, многу се плашев.
Зек: И Ванеса се уплаши и дојде кај мене, што не дојде и ти?
Ана: Леле Зек!
Ванеса: Другиот месец идиме на Хаваи, Ана ќе дојдеш ли ти со нас?
Ана: Не, јас ќе одам во Мајами малце, па Лос Анџелес, Лас Вегас..
Зек: Ајде добро рече дедо ми вчера, да јадиме и да молчиме.
Ванеса: Ако те слушни дека го нарекуваш дедо ќе те искрши.
(Сите почнеле да се смејат. Кој е човекот на кој Ана служи ќе дознаете следната епизода.)
Крај на шестата епизода

епизода 7
На сред појадок Ана стана.
Ана: Јас морам да одам. Сакам да го разгледам градот. Чао
Зек: Но и ние после појадокот го сакавме истото
Ванеса: Да, барем дојади
Ана: Не, се брзам. Чао.
Зек: Чао...
Ванеса: Многу е чудна.
Зек: И јас така мислам.
(Ана одеше брзо. Најверојатно доцнеше. Пристигна до саканото место. Куќата беше прекрасна. Имаше и базен).
Ана: Овдека живее? Убава куќа!
(Ана влезе во дворот. Беше прекрасен. Имаше трева. Затропа на вратата)
Гласот: Мислев дека нема да дојдиш.
Ана: Ќе ми отвориш ли?
(Вратата се отвори. Зек и Ванеса беа на прошетка низ градот)
Ванеса: Леле каде ли е сега Ана?
Зек: Не грижи се за Ана. Знае таа сама да се грижи за себе.
Ванеса: Знам дека знае, но ова е голем град.
Зек: Еј не грижи се. Ја знам мојата братучетка.
Ванеса: Ок.
(Во куќата на претпоставениот на Ана)
Ана: Убаво место имате господине.
Хуан Круз: Благодарам. Мило ми е што повторно по толку години се гледаме пак. Многу ми неостигаше!
Ана: Секако.
Хуан Круз: Немој да се плашиш за пари ако некогаш ти требаат. Јави ми се.
Ана: Добро.
(Ванеса и Зек беа некаде на половина пат)
Ванеса: Сакам да одам кај татко ми.
Зек: Добро.
Ванеса: Леле Зек. Кога ќе дознае дека чекам твое дете инфаркт ќе добие. Тој не сака да стани дедо.
Зек: Но, еден ден ќе мора.
Ванеса: Млад е.
Зек: 63 години има. Младо лик е, но не и млад.
Ванеса: И пак си во право!
Зек: Јас секогаш сум во право.
(Зек и Ванеса се наоѓаа точно пред портите на куќата на Хуан Круз. Хуан ги виде)
Хуан Круз: Ана, преку задната врата венаш излегувај!
Ана: Зошто?
Хуан Круз: Утре во исто време дојди. Еве ти пари и оди си.
Ана: Хуан?
Хуан Круз: Веднаш пред да дознаат за нас
(Ана замина. Ѕвончето заѕвона)
Ванеса: Тато! Сакавме да те видиме.
Хуан Круз: Повелете
(Седнаа.)
Ванеса: Сакам нешто да ти кажам тато.
Хуан Круз: Што. Овај твојот фатен да не е во устата од кога го запознав збор не изустил.
Зек: Не сум фатен во устата господине, но пожелно е кога едниот зборува другите да молчат.
Хуан Круз: Многу култирен бе ти. Што сакаш да кажиш ќерко?
Ванеса: Татко ти имаш 63 години и мислам дека е време..
Хуан Круз: Да станам дедо?
Ванеса: Да
Хуан Круз: Добро. Сакам да станам дедо. Време е, сакам да имам внуци. Фала ќерко. И ти немо момче се надевам дека ќе бидиш добар татко.
Зек: Секако дека ќе бидам.


крај на седмата епизода


епизода 8
Ана одеше брзо. Сакеше да купи нешто. Таа не сакаше Зек и Ванеса да дознаат што таа мати. Купи неколку парчиња облека од парите кои и ги даде Хуан и отиде дома. Така преморена легна и заспа. Зек и Ванеса тргнаа кон дома.
Ванеса: Мислиш ли дека Ана е дома?
Зек: Ништо чудно да е дома, но ништо чудно и сеуште да шета низ градот.
Ванеса: Ајде да нарачем пица! Што велиш?
Зек: И дома да ни ја донесат?
Ванеса: Даа, но немој само една! Нека бидат најмалце три!
Зек: Не мислиш дека претеруваш?
Ванеса: НЕ! Секогаш татко ми ми купуваше дупло кога бев дете.
Зек: Знам. И мене. Стварно ми недостига животот као дете.
Ванеса: И мене.
(Отидоја во пицерија и нарачаја една пица. Но тие никогаш не забележаа дека некој зад нив седи и постојано ги прати.)
Еден од шпионите: Ќерката на господинот е тука. Сега ли да нападнеме?
Од другата страна на слушалката: Не идиоту! Не треба да ја повредиме. Воопшто не внимаваш кога зборувам! Треба да се увериме дали таа девојка чека дете!
шпионот: А како тоа?
Гласот: Со каков идиот сум фатил работа! Па по однесувањето!
шпионот: Добро господине. Извинете што ве вознемирував и најмалце од се сакав да ве изнервирам!
гласот: во ред е. сега оди и дознај тоа што ти реков.
(Зек и Ванеса седнаја да се одморат и исто така ја чекаа пицата.)
Ванеса: Јас се уште не верувам дека татко ми сака да стани дедо. Ме лажи.
Зек: Како знаеш?
Ванеса: Едноставно татко ми е Зек, и знам дека не сака!
Зек: Мразам кога ме вика немо момче.
Ванеса: Епа зборувај и ќе те вика зорлест како е да си дете ... 740627
Зек: Ванеса, те молам како е да си дете ... 592877
Ванеса: А кога тргаме за Хаваи?
Зек: Па не знам. Да поседиме малце тука, па ќе одиме на Хаваи и после сакам да одиме Русија! Многу ја сакам како земја.
Ванеса: И јас. Јас би сакала да ја посетиме и Англија.
Зек: Секако дека ќе ја посетиме.
(Пиците беа готови, Зек ги зеде и двата тргнаа кон дома.)
Гласот: Дали има знаци?
Шпионот: Не господине. Сосема се нормални. Се сејат и се договараат за некакви си патувања.
Гласот: Какви патувања?
Шпионот: Прво сакаат да одат на Хаваи, па Русија и Англија.
Гласот: Добро. Продолжи да ги пратиш и продолжи да ме известуваш.
(Зек и Ванеса си дојдоја дома. Ана спиеше.)
Ванеса: Ана.. Ана душо...
Ана: Молам? Зошто ме будиш?
Ванеса: Имаме пица за јадење! Ајде свегувај да јадиме.
Ана: ОК.
Ванеса: А ти купи нешто?
Ана: После ќе ти кажам што купив. Ајде сега да јадиме
(Слегле сите долу и почнале да јадат од вкусната пица.)

крај на осмата епизода


и ако ви се допаѓа ќе продолжам да пишувам
Back to top Go down
Sponsored content





како е да си дете ... Empty
PostSubject: Re: како е да си дете ...   како е да си дете ... Empty

Back to top Go down
 
како е да си дете ...
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Graphic Designers :)  :: Random - Разно (Admin:.PerroniAddicted.) :: Novels - Новели-
Jump to: