Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Welcome :)
 
HomePortalGalleryLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 минатото, сегашноста и иднината- нивните животи

Go down 
AuthorMessage
*miss.hudgens*
Член
Член
*miss.hudgens*


Posts : 220
Join date : 2010-06-19
Age : 28
Location : ми рекоја да одам во пеколот и јас дојдов кај тебе

минатото, сегашноста и иднината- нивните животи Empty
PostSubject: минатото, сегашноста и иднината- нивните животи   минатото, сегашноста и иднината- нивните животи EmptyMon Jun 21, 2010 8:04 pm

Во главните улоги:
Марија:
Spoiler:
Маријана:
Spoiler:
Луциус:
Spoiler:
Џеронимо:
Spoiler:
Викторија:
Spoiler:
Хари:
Spoiler:


глава 1:„нивниот живот“

Утрото блескаше како и очите на старата Викторија. Таа беше во иднината во годината 2289... Го исчекуваше бебето кое сакаше да го спаси од многу лош човек. Бебешкиот глас екна. Бебето се роди и старата жена го зеде. Го однесе во далечната 1993 година. Ја стави во кошница и ја стави пред куќата на доста богатиот Џеронимо. Во меѓувреме доста моќниот Луциус од истата 2289 зеде бебе. Тоа беше негово бебе. Го однесе во далечната 1999 година. Ги забрза нејзините клетки за цели седум години. И вгради мемории дека е ќерка на Хари Креин, а него му вгради мемории дека тоа девојче е негова ќерка. Џеронимо неговото девојче го крсти Марија,а Хари неговата ќерка маријана, но животот на мАријана застана. Луциус го замрзна нејзиното тело и го чуваше додека Марија не наполна седум години. Тој беше толку лош што сакаше да го уништи животот на тие што се или ќе бидат повеќе од него. И Марија и Маријана беа волшебнички. Една година кога двете се сретнаа се здружија. Заедно одеја на училиште, заедно играа, јадеа дури и одеја да спијат една кај друга. Маријана имала два постари браќа, а Марија имала еден брат и една сестра.Дошол и првои септември, време дошло за нивното прво одење на училиште.

Глава 2: „Првиот ден на училиште“

Дојде време и двете девојчиња да тргнат на училиште. Постариот брат Џастин веќе беше второ одделение, а Натаниел беше втора година средно. Постариот брат на Марија беше трето одделение, и се викаше Ерико, а нејзината сестра- врсничка сега тргаше на училиште. Џеронимо ги седна своите две ќеркички во работната соба за да им објасни некои работи.

Џеронимо:-Мили мој ќерки. Денес вие ќе почните на училиште. Таму ќе учите, ќе ја слушате наставничката и ќе се другите.
Камелија:-А тато зар мораме да одиме на училиште?
Џеронимо:-Секако мило. Сите ќе одат. И Ерико оди, често ќе се гледате.
Марија:-А Маријана ќе биди таму?
Џеронимо:-Секако душо! Во ист клас сте!
Камелија:-А што е тоа клас?
Џеронимо:-Тоа е група на ученици, односно деца кои учат заедно. Таму нема сами да бидите, таму ќе има многу деца.
Марија:-А зошто мораме да одиме на училиште?
Џеронимо:-Душо треба вие да учите, за да бидите паметни!
Камелија:-А во чантите што ќе носиме?
Џеронимо:Во чантите ќе носите книги. Таму ќе учите затоа. Ајде сега одете да се спремате ако не сакате да задоцните.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Паралелно со овој разговор Хари разговараше со својата ќерка.
Хари:-Душичке, знаеш ти, веќе долго време ти објаснувам дека ќе одиш на училиште дека таму ќе учиш и ќе се дружиш како и твоите браќа. Затоа душо те молам некој да се тепаш таму или пак да бараш коњ, не си во село таму си за да учиш и да се дружиш. Те молам душо биди добра.
Маријана:-Добро татичко, но ако некој ме удри тогаш ќе се тепам...
Хари:-Душо те молам. Таму е и брат ти, тој ќе те брани, само ти немој, те молам...
Маријана:-А ако не е таму бато?
Хари:-Те молам душо, немој да ме срамиш. Сега душо си голема, таму одиш да се дружиш, а не да се тепаш! Ако некој те ѕдри тогаш кажи и` на наставничката.
Маријана:-Добро татичко. Нема да се тепам.
Хари:-Ветуваш?
Маријана:-Ветувам...
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ветувањато на Маријана никогаш не трело долго. Дошло времето и за на училиште. Хари во неговиот џип седна и назад ја седна Маријана. Џеронимо во неговата кола назад ги седна Марија и Камелија и тргнаа кон училиштето. Првиот ден, како прв ден поминал супер, но што ќе се случи следниот ден е сеуште големо изненадување...

Глава 3: „Секој со својот карактер“

Дојде и вториот училишен ден. Првиот училиштен бил добар бидејќи сеуште не се знаеле сецата, но вториот ден веќе секое дете тргнало со својот карактер. Девојчињата тргнаа на училиште. Група момчиња постојано се смееле на Маријана и Марија. Маријана забележа.

Маријана:-Погледни ги. Ни се смејат!
Марија:-Остави ги...
Маријана:-Но.. Јас одам да го викнам бато!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Одејќи едно од момчињата и` довикна на Маријана
Момчето:-Еј ниска! Како и оди дружењето со жирафата?
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Маријана се обиде да го игнорира. Џастин на другиот крај од теренот играше кошарка. Момчињата сеуште и` се смееја на Маријана, а Марија загрижено гледаше. Тогаш Маријана изгуби трпение. Се стрча и му удри една тупаница на дрското момче. Џастин тоа го виде, се стрча, но наеднаш застана. Марија се фати за глава. Најстариот брат на Маријана, Натаниел ја зеде Маријана за рака и ја однесе во канцеларија. Марија ојде кај Џастин. Џастин ја однесе Марија во училницата.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Директорот:- Маријанче, душо. Зошто мореше да го удриш момчето?
Маријана:- Ама тоа момче ме вреѓаше!
Натаниел:- Господе! Маријана ти не треба да се тепаш! Се сеќаваш што ти рече тато?
Маријана:- Секогаш ми вели да не го тепам оној што ме вреѓа, но овој претера! Не ме вреѓаше само мене, ја вреѓаше и Марија!
Директорот:- Маријанче, душо, те молам нема ова да се повтори нели?
Маријана:-Нема да се тепам ако за ова не му кажите на Хари!
Натаниел:- Ама, јас веќе му кажав...
Маријана:-Ама, ама сега ќе ми вика!
Натаниел:-Леле и ти за малце! Мене цел живот ми вика.
Директорот:-Штом знај господинот Креин тогаш сте слободни.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Кога завршиле часовите Марија и МАријана тргнале кон дома. Тогаш Маријана била налутена.
Марија:- Маријана, јас добро те познавам. Што планираш?
Маријана:-Зборував со татко ми и го прашав дали можи вечерва да останам кај тебе ако сакам и сакам да те прашам дали можи.
Марија:-Секако дека можи, но да не криеш нешто од мене. Нешто друго?
Маријана:-Кријам. Ќе ти кажам, но прво да одиме кај тебе.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Отишле кај Марија. Кога двете доста паметни девојчиња се увериле дека куќата, односно околните соби се празни, Маријана и го кажала својот план на Марија. Марија слатко се насмевна.

Глава 4: „Ја нема“

Додека девојчињата се смееја во собата дојде Ерико. Девојчињата замолчија.
Ерико:-Кој е вашиот нов зол план девојки?
Марија:-Немаме зол план батко.
Ерико:-Марија, добро ве познавам. Скоро во сите глупости ви сум соучесник. Неможите од мене да се скриете.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Марија и Маријана му кажаа нивниот луд план на Ерико. Ерико само во изненадуање викна: „Што?“
Маријана:-Тоа, и со таа цел после училиште дојдов тука и од тебе бараме само засолниште да ни најдеш.
Ерико:-Не мислите дека веќе претеравте?
Марија:-Секако дека НЕ!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Ерико ги зеде девојчињата и ги однесе со приватниот возач во шума, односно во една нивна викендичка. Возачот беше со нив. Хари беше нервозен. Неговиот возач кажа дека девојчето не било таму, наставниците рекле дека замило со Марија, а Џеронимо дека и Марија па дури и Ерико ги нема!
Преку телефонот:
Хари:-Џеронимо, сигурно не е кај тебе?
Џеронимо:-Не, не е. И Марија и Ерико ги нема. Ама го нема и нивниот возач, а нему му е исклучен телефонот. Ја прашав и Камелија и таа не ги видела.
Хари:-Господе ќе полудам! Никаде ми го нема девојчето!
Џеронимо:-Сега ќе дојдам кај тебе и ќе викнам полиција.
Хари:-Добро. Те чекам.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Хари го остава телефонот и во собата влегува Нејт.
Натаниел:-Татко, како тоа ја нема Маријана?
Хари:-Не само Маријана. Цела армија: Марија, Маријана и Ерико!
Натаниел:-Господе! И Ерико го навеле!
Хари:-Тоа е лошото. Кутрото дете него го навлекоа.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
По некое време на вратата некој заѕвони. Тоа беше Џеронимо.
Џеронимо:-Полицијата не е дојдена?
Хари:-Не суште.
Натаниел:-Но каде би можеле да одат деца од седум години и едно од десет.
Хари:-Барем за тоа да не се грижиме. Паметни се и снаодливи.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Влезе полицијата. Хари и Џеронимо им објасни се за девојчињата.

Глава 5: „Снајди се- па живеј“

Во меѓувреме децата бева во викендичката. Во викендичката не биле цели две години. Доста паметните деца го платиле возачот за да молчи и за да остани со нив. Тие со себе зеле малце храна, облека и неколку шишиња вода иако таму имало бунар.
Ерико:-Девојчиња... имаме уште малку храна, имаме уште за нецели два дена.
Маријана:-Ај не плачи. Сам се пикна во ова.
Ерико:-Како тоа сам се пикнав?
Марија:-Просто. Сакаше да знаеш се` околу нашите планови.
Ерико:-А храна? Што ќе правиме за храна?
Маријана:-Човекот без вода не можи долго, а без храна можи дури шест месеци!
Ерико:-Знам дека сте паметни иако понекогаш мислам дека Господ кога делел ум вас ич не ви поделил.
Марија:-Не е толку едноставно дечки. Не треба да се караме. Можеби сме мали, но знајме да се грижиме за себе! Јас и Маријана ќе одиме зад куќа и ќе бериме плодови, а ти Ерико земи исцепи дрва и запали оган, застудува.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Сите одат по својата работа. Марија се качи на гаражата и береше од плодовите на црницата. Беше есен и имаше многу плодови. Маријана пак не се обидуваше да се качува по гаражи туку директ се качуваше по дрвјата на кои имаше плодови. Џеронимо сакаше дрва, имаше посадено црница, јаболкница, круша, слива, кајсија.... Ерико требаше да ги цепи дрвата. Маријана седејќи најгоре на дрвото и` довикнува на Марија
Маријана:-Марија! Види го брат ти! Секирата не знае да ја држи!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Марија се насмевна, а Ерико уште толку се изнервира.
Марија:-Остав го Мери. Греота е.
Ерико:-Ај ве молам оставете ме мене! Оговарај те ги фаците на Хари и Џеронимо!
Маријана:-(се смее) баш би сакала.
Марија:-Ха,ха и јас не можам да ги замислам, но баш би сакала да ги видам.
Ерико:-А всушност чија беше идејата за бегање?
Маријана:-МОЈА!
Ерико:-И се фалиш со тоа! Господ да чува. А зошто избегавте?
Марија:-И ти избега!
Ерико:-Одговорете ми!
Маријана:-За да се сетата дека постоиме! Секогаш имаат поважни работи! Тие живеат за парите!
Ерико:-Вие не сте нормални!
Марија:-Ами ние бевме отфрлени!
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Некој заѕвоа на вратата. Маријана ја отвори вратата....


ако ви се допаѓа ќе продолжам со пишувањето Embarassed
Back to top Go down
 
минатото, сегашноста и иднината- нивните животи
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Graphic Designers :)  :: Random - Разно (Admin:.PerroniAddicted.) :: Novels - Новели-
Jump to: