Тwilight / Самрак
Самрак (англиски: Twilight) е младинско - возрасен роман со романтични и фантастични елементи, напишан е од писателката Стефани Мајер. Романот за првпат е издаден во 2005 година. Самрак е првиот дел од Самрак серијалот и не запознава со Бела Свон која се сели од Феникс, Аризона во Форкс, Вашингтон, и го доведува во опасност својот живот кога дознава дека е вљубена во вампирот Едвард Кален. Оваа книга е проследена со книгите Млада месечина, Помрачување и Зазорување.
Заплет на романот
Бела Свон се сели од сончевиот Феникс во Аризона, во дождливиот Форкс во Вашингтон за да живее со својот татко Чарли. Таа избира да го направи тоа за да може нејзината мајка Рене слободно да патува со својот нов сопруг Фил кој е играч на бејзбол во некоја пониска лига. Бела предизвикува големо внимание во нејзиното ново училиште и многу бргу се спријателува со некои ученици. И на нејзино големо изненадување, неколку момчиња се заинтерсирани за вниманието на срамежливата Бела.
Кога Бела седнува до Едвард Кален на часот по биологија, на нејзиниот прв ден во училиштето, Едвард изгледа како да му се лоши од неа, но во следните неколку денови тој почнува да и обрнува внимание на Бела. Нивната тогашна врска го достигнува врвот кога Бела за малку не е удрена од комбето на еден соученик на училишниот паркинг. Надминувајќи ја логиката на здравиот разум, Едвард успева на необичен начин да ја спаси Бела запирајќи го комбето со голи раце.
Оттогаш Бела станува опседната со тоа како Едвард и го спасил животот и почнува да го потиснува со милион прашања. Откако ќе измами еден стар другар, Џејкоб Блек, флертувајќи со него, тој и ја раскажува локалната фолклорна легенда, со што Бела почнува да се сомнева дека Едвард и неговото семејство се вампири. Бела го тера Едвард да и ја признае вистината за него и тој решава да и каже се. Тој и кажува дека тој и неговото семејство се посебна група на вампири кои се хранат само со крвта на животните, а не со крвта на луѓето како некои други вампири. Едвард и открива исто така дека цело време ја одбегнувал бидејќи нејзината крв го привлекувала како никоја досега. Тој и открива и за неговата моќ да чита мисли, која за чудо не функционира само на Бела.
Сепак, врската е доведена во опасност кога друг вампирски ковен се прикрадува во Форкс и Џејмс крвожеден вампир, решава да ја прогонува Бела за рекреација. Каленови планираат да го привлечат вниманието на натрапникот со тоа што ги разделуваат Бела и Едвард, и ја испраќаат Бела да се крие во хотел во Феникс. Тогаш Бела добива телефонски повик од Џејмс при што тој и кажува дека ја има нејзината мајка и дека Бела мора да се предаде за да ја спаси мајка си. Бела решава скришум да отиде кај Џејмс, но кога доаѓа на местото гледа дека Џејмс ја прелажал и дека мајка и воопшто не е заробена од Џејмс и тој ја напаѓа. Џејмс решава да и ја исцица крвта но, во тој момент Едвард и останатите Каленови доаѓаат таму на време и ја спасуваат Бела пред Џејмс да може да ја убие. Кога Едвард станува свесен дека Бела е гризната, решава да и ја исцица крвта и ѝ го вади отровот од нејзиниот организам, пред тој да почне да делува и да ја претвори во вампир. На крајот Едвард и Бела решаваат да одат на нивната матура каде Бела изјавува желба да стане вампир, но Едвард одбива.
--------------------------------------------------------------
Романот е закон, поинтересна е и од филмот
сега ќе го читам вториот дел, Њу Мун