Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Добредојдовте.Тимот на https://graphicdesigners.forumotion.net ве замолува да се регистрирате и да станете дел од овој форум.Многу фотошоп,натпревари,галерии,ресурси,игри,и дискусии и за теми надвор од областа на фотошопот :)
Graphic Designers :)
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Welcome :)
 
HomePortalGalleryLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Ана Каренина

Go down 
2 posters
AuthorMessage
Tijana
Reina Gitana
Reina Gitana
Tijana


Posts : 1066
Join date : 2010-06-18
Age : 27
Location : Ohrid (:

Ана Каренина Empty
PostSubject: Ана Каренина   Ана Каренина EmptyMon Jun 21, 2010 11:53 am


Ана Каренина

Ана Каренина Anna

Каренина, трагичната хероина од романот на Толстој, се воздигнува како една од најфасцинантните и најтрагични жени што скршнуваат од вистинскиот пат

Ана Каренина, ликот од насловот на романот, објавен во 1877 година, дело на рускиот писател Лав Толстој, се воздигнува како една од најфасцинантните и најтрагични жени што скршнуваат од вистинскиот пат. Ана Каренина е сместена во Санкт Петербург во седумдесеттите години на деветнаесеттиот век, а главните јунаци припаѓаат на круговите на руската аристократија. Со својата прва реченица „Сите среќни семејства личат на едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“, Толстој нé внесува среде болно нарушениот семеен живот на Стив, чија сопруга, Доли, штотуку открива дека тој ја мами со гувернантата на нивните деца, Французинката Ана. Сестрата на Стиви и послушна жена на Алексеј Александрович Каренин, моќен функционер, брзо посредува и успева да го закрпи несигурниот брак на својот брат.

За кратко време, милата Ана го запознава грофот Алексеј Кирилич Вронски, неженет офицер. Одненадеж почнува да го набљудува својот сопруг на нов, критикувачки начин - уште чудно му стрчат, на пример - и сонува за гордиот и смел Вронски.

Мотото на Вронски е дека „положбата на маж што се умилкува на мажена жена, и го ризикува животот за да ја наведе на неверство, содржи нешто префинето и величествено“. Неминовно е тој и Ана да потклекнат пред својата меѓусебна желба. Вонбрачните врски воопшто не биле реткост меѓу руската аристократија во деветнаесеттиот век, каде што повеќето бракови се темелеле врз интересите, но Ана и Вронски одбиваат да се задоволат со пријатната, безбедна сексуална меѓуигра. Наместо тоа, тие копнеат по големата страст, предаденост, трајност и општествено прифаќање.

Па, сепак, Ана не се обидува да побара развод што ќе и овозможи на вљубената двојка да ја официјализира врската, бидејќи законот по автоматизам целосното старателство над нивниот син ќе му го даде на нејзиниот сопруг. Во исто време, не може да ги скроти своите емоции, и кога сопругот почнува со сомневање да и поставува прашања, таа му одговара во напливот на грубата и извонредно нерационална искреност, дека има љубовник. Дополнува: „Него го сакам, јас сум негова љубовница; тебе не можам да те поднесам, се плашам од тебе и те мразам“.

Каренин, кој претпоставува дека Ана на крајот ќе се покае, постапува навистина чесно. Бракот ќе продолжи, одлучува тој, барем на хартија ако не и во реалноста, а времето ќе ги исцели раните. Но, Ана очајно стравувајќи дека ќе го изгуби Вронски, одбива соработка. Се потсетува дека Каренин „го задушуваше мојот живот осум години, го задушуваше сето она што живееше во мене. Никогаш не помисли дека јас сум жива жена на која и треба љубов... Зар не се трудев со сите сили да пронајдам нешто што ќе го осмисли мојот живот? Зар не се обидував да го сакам, да го сакам својот син кога не можев да го сакам сопругот?... Господ ме создал така за да морам да сакам и да живеам“. Вронски, кој еднакво силно е вљубен, се согласува, особено откако Ана му соопштува дека носи негово дете.

По цела низа компликации, Ана ги напушта сопругот и синот, а Вронски полкот и кариерата. Заедно патуваат во Европа додека не им се раѓа ќерката. Враќањето во Русија ги враќа и во реалноста. Пријателите и роднините го пречекуваат Вронски за добредојде и еднакво тенденциозно ја игнорираат Ана. Таа е скршена. Првата реакција на Ана е и понатаму да им парира, да доаѓа на општествените собири како да не е изменет нејзиниот статус.

Тоа го растажува и го вџашува Вронски. „Со доаѓањето во театар не ја потврди само твојата положба на пропадната жена“, размислува тој, но не се осмелува да и каже, „туку и со ракавица го удри в лице општеството, односно, засекогаш се исклучи од него“. Излегувањето минува катастрофално. Набргу потоа, таа, Вронски и нивната мала ќерка заминуваат на неговиот селски имот.

Извесно време Ана е среќна: „Ми се случи нешто волшебно“, и се доверува таа на својата снаа, Доли, една од малобројните личности што сé уште контактираат со неа. „Живеев во јад, во страв, а сега веќе подолго време, особено откако сум тука, толку многу сум среќна!“

Но, нејзината среќа набргу исчезнува. Не смее да го гледа синот и не е способна вистински да ја сака својата ќерка, која, според рускиот закон, го добива презимето Каренин и се наоѓа под власт на нејзиниот сé уште законски сопруг. Вронски е загрижен бидејќи сé додека тие двајца не се венчани, сите деца што ќе ги имаат ќе бидат Каренини. Тој ја убедува Ана да бара развод и таа безволно се согласува.
Во меѓувреме, таа му се оддава на читањето и не му е само љубовница на Вронски, туку и интелектуална придружничка. Но, во сопствената изолираност и осаменост, таа бара да и го посвети целиот свој живот. Колку таа повеќе бара, толку тој станува постуден.

Вџашена од помислата дека ќе го изгуби, таа употребува изговор, хистерични сцени и невтемелени обвинувања. Во еден момент на заслепувачка јаснотија таа сфаќа дека се уништува самата. „Мојата љубов станува сé пострасна и посебична, додека неговата умира, и затоа се оддалечуваме еден од друг“, кажува таа.
Тој ми е сé и јас сé повеќе и повеќе сакам тој да ми се предаде целосно... Кога би можела барем да бидам нешто друго, освен љубовница на која во нејзината страст и се важни единствено неговите допири, но не можам и не сакам да бидам ништо друго.

А, со таа моја желба во него предизвикувам одбивност, а тој во мене лутина, и поинаку не може да биде... Веќе подолго време не ме сака.

А таму каде што љубовта завршува, почнува омразата.
Истиот ден, подоцна, додека стои на железничката станица, Ана одлучува да се фрли под тркалата на возот што треба да помине за да „го казнам и да избегам од сите и од себеси“. Во последниот миг, клекнува на шините, чувствува наеднаш наплив на радосна надеж и се обидува да стане. Но, предоцна е. Неколку секунди подоцна, „огромниот и немилосрден“ метален џин го згаснува животот во неа. Според верувањето на гневната мајка на Алексеј Вронски, тоа претставува „соодветен крај за една таква жена. Дури и смртта која ја избрала била проста и вулгарна“.

Вреднувајќи ги љубовта и копнежот повеќе од бракот и мајчинството. Ана Каренина ги напушта сопругот и синот, но тоа не е се што ќе го стори. Им се спротивставува и на припадниците на својот општествен круг, го негира руското општество и ги исмејува стандардите втемелени во светот на руската аристократија.


----------
Ана Каренина 683703
Back to top Go down
http://groovychique.piczo.com
perfectly.bad
Член
Член
perfectly.bad


Posts : 218
Join date : 2010-06-18

Ана Каренина Empty
PostSubject: Re: Ана Каренина   Ана Каренина EmptyMon Jun 21, 2010 2:28 pm

Ана Каренина 315545 интересно звучи
Back to top Go down
Tijana
Reina Gitana
Reina Gitana
Tijana


Posts : 1066
Join date : 2010-06-18
Age : 27
Location : Ohrid (:

Ана Каренина Empty
PostSubject: Re: Ана Каренина   Ана Каренина EmptyTue Jun 22, 2010 12:56 pm

многу е интересна, вреди да се чита...
од тоа што јас имам читано:
Ана ќе се омажи за маж кој не го сака но ќе се омажи поради богатство и потоа ќе има љубовник и кога мажот ќе дознае ќе се разведе од неа и нема да ја остава да си ги гледа децата, а нејзиниот љубовник ќе ја напушти дека ќе мора да оди во војска. И така таа разочарана од својот живот ќе се фрли под воз и така ќе заврши.
Ана Каренина 816471
Back to top Go down
http://groovychique.piczo.com
Sponsored content





Ана Каренина Empty
PostSubject: Re: Ана Каренина   Ана Каренина Empty

Back to top Go down
 
Ана Каренина
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Graphic Designers :)  :: Random - Разно (Admin:.PerroniAddicted.) :: Books - Книги-
Jump to: